Најмалку седум лица се уапсени во заедничката полициската акција на Шпанија и на Мароко против мрежата за регрутирање жени-џихадистин за радикалната сунитска група Исламска држава (ИСИС).
Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека четири лица се уапсени во шпанските енклави Сеута и Мелила во Северна Африка, а едно лице е приведено во Барселона.
Во рамките на истата операција, мароканските власти уапсиле уште две други лица, во реонот на Кастилехос.
Како што јавуваат шпанските медиуми, четири од уапсените се жени и една е тинејџерка.
Според податоците на шпанското МВР, досега 100 шпански државјани се приклучиле кон џихадистите на ИСИС, додека во Мароко се претпоставува дека нивната бројка достигнува до 2.000 лица.