fbpx

Уапсени петмина дилери на дрога и запленети 100 грама хероин

-

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, викендов, во рамките на акцијата „Мрежа“, разбил канал за трговија со хероин, соопшти МВР.

Во полициската акција биле уапсени пет, од вкупно шестмина осомничени и биле запленети околу 100 грама хероин.
Од уапсените, четворица се скопјани, еден е гостиварец, а осомничениот кој не им е достапен на органите за прогон е турски државјанин.

Како што информираат од МВР, минатиот месец осомничениот турски државјанин, во Турција од непознато лице набавил хероин, кој го транспортирал во Македонија за понатамошна продажба. На почетокот на овој месец хероинот го презел еден од осомничените скопјани, а сите заедно требало да го понудат на продажба по однапред договорена цена.

Тие, во втората половина на декември, преку гостиварецот, се обиделе да ја продадат дрогата, но бидејќи не нашле купувач, поради лошиот квалитет, решиле да ја спуштат цената и да го продаваат хероинот во помали количества.

По предходен договор, еден од осомничените скопјани и гостиварецот, во саботата извршиле купопродажба на 100 грама хероин, кој вечерта истиот ден, бил запленет од полицијата, на наплатната рампа Глумово, на излез од Скопје.

Дрогата, чија вредност при малопродажба на домашниот наркопазар се проценува на 2.500 евра, била најдена при претрес на автомобилот марка „опел астра“ во кој бил гостиварецот.

Против шестмината осомничени, полицијата поднела кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а на петмината уапсени во акцијата судија на предходна постпка им одредил 30 дена притвор.

Досега во рамките на акцијата „Мрежа“ кривични пријави се поднесени против повеќе од 160 лица и запаленти се повеќе од 520 килограми разни видови дроги, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...