fbpx

Уапсени две лица за нападот врз српскиот опозициски лидер Стефановиќ во Крушевац

-

Српската полиција соопшти дека синоќа уапсила две лица осомничени за нападот врз Борко Стефановиќ претседателот на партијата Левица на Србија и еден од основачите на опозискиот Сојуз за Србија, пренесува „Истиномер:Вести“.

Во петокот, пред трибина на неговата партија во Крушевац, Стефановиќ го нападнала група маскирани лица вооружени со палки и метални шипки, кои претепале уште неколкумина присутни припадници на членки на Сојузот.

Според соопштението на Левица на Србија по нападот Стефановиќ е пренесен во Ургентниот центар заради тешки повреди на главата. Групата маскирани лица на Бобан Јовановиќ му се избиени два заба и му била расечена устата, а Марко Димиќ добил повеќе удари во главата. Полесно повредени биле уште три лица, бидејќи мета на нападот биле и членови на другите опозициони партии кои го сочинуваат Сојузот за Србија кој требало да одржи трибина со учество на партиските лидерите на Двери, Демократската странка, Народната странка и други. Сојузот за Србија оцени дека нападот на нивните членови е последица на „највалканата хајка која режимот на Александар Вучиќ секојдневно ја води против политичките неистомисленици“.

Во текот на ноќта српската полиција соопшти дека се уапсени М.Ж. (30) и Д.Г. (31) кои се осомничени за нападот. За осомничените е одреден притвор од 48 часа по што, според соодветна кривична пријава, ќе бидат предадени на надлежното обвинителство. Информацијата за апсењето на напаѓачите претходно на конференција за медиуми ја соопштил лично претседателот Вучиќ.

„Државата реагираше итно и ја заврши својата работа, со што покажа дека Србија не е банана-држава во која може било кого да удирате заради било што,“ рекол Вучиќ, додавајќи дека нема право да се залага за поостра казна, оти тоа би било мешање во независноста на правосудството.

Сојузот за Србија денес одржа конференција за печат која беше пренесувана во живо на Фејсбук, при што Борко Стефановиќ ја покажа кошулата облеана со крв која ја носел синоќа. Заблагодарувајќи се за изразите на поддршка од колегите и соработниците тој изјавил дека „Ќе се бориме Србија да не биде повеќе земја на крвави кошули и пролеана крв на оние кои мислат поинаку од режимот!“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...