!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Уапсени албански државјанки во ноќен клуб во Тетово


       
Тетово, 2 септември, 2017 - 11:14 (META) 

Синоќа полицијата привела четири албански и пет македонски државјани при акција спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње.

МВР информира дека во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година, кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија.

Тие биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово, по што биле предадени за понатамошна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Во полиција биле приведени и сопственикот на објектот, Н.Ш.(33) од Боговиње, како и четирите македонски државјанки кои, исто така, биле ангажирани како пејачки, танчарки и забавувачки на гостите.