fbpx

Уапсени 28 лица во Турција поради наводна поврзаност со имамот Ѓулен

-

Турската полиција денеска, во опсежна акција, уапсила 28 лица во неколку градови во земјата, обвинети за поврзаност со имамот во егзил, Фатулах Ѓулен, кој му е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.

Според информациите, рации биле изведени во Истанбул и во неколу градови во Анадолија, во централниот дел на Турција. Уапсените, како што пишува весникот „Хуриет“, се товарат за припадност на терористичка организација.

Турската полиција трага по уште 23 лица, меѓу кои и Ризанур Мерал, кој управува со моќната конфедерација на индустријалци и на деловни луѓе „Тускон“.

Ердоган, инаку, го обвинува Ѓулен дека преку својата мрежа на луѓе и на организации воспоставил „паралелна држава“ за да го симне од власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...