fbpx

Уапсени 12 лица по протестите во Париз

-

Во судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на протестот на младите наречен „Будни цела ноќ“ во Париз, уапсени се 12 лица, соопшти полицијата.

Полицијата испукала солзавец за да ја растера групата од стотина луѓе, кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу плоштадот Република, каде демонстрантите веќе три недели одржуваат протести секоја ноќ.

Во нередите што се случиле нешто по полноќ, едно полициско возило било запалено, а 12 лица се уапсени поради нелегално собирање и фрлање проектили.

Во инцидентите нема повредени лица.

Протестот почна на 31 март поради најавените реформи на законот за работа, но во меѓувреме демонстрантите протестираат и поради низа други прашања, како мигрантската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...