fbpx

Уапсени Стевчо Јакимовски и уште седум лица

-

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, утрово е уапсен, заедно со уште седум други лица. Двајца од приведените се вработени во Општина Карпош, а меѓу останатите петмина има и бизнисмени, дознава „Мета“.

Јакимовски и другите уапсени денеска треба да бидат изнесени пред судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје, потврдија од Јавното обвинителство. Повеќе детали ќе бидат соопштени наскоро.

Во август минатата година, Јакимовски беше приведен и му беа изречени мерки на претпазливост откако Основното јавно обвинителство го осомничи дека заедно со четворица соработници,  злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања го оштетиле буџетот на Општина Карпош за вкупно 36,63 милиони денари, овозможувајќи противправна корист на фирмите Алконпроект и С.М. Компани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...