fbpx

Уапсен првиот човек на „Актор“, Боболас, за даночно затајување

-

Грчката финансиска полиција утрово го уапси бизнис-гигантот Леонидас Боболас, сопственик на големата градежна компанија „Актор“ и на весникот „Етнос“. Боболас е уапсен за даночно затајување и за долг кон државата, по налог на грчкото државно обвинителство.

„Актор“ во Македонија го гради  автопатот Демир Капија – Смоквица.

Пред еден месец „Мета“ беше на градилиштето на „Актор“. Градежниците ни рекоа дека воопшто не ни слушнале за корупцискиот скандал што ја потресе фирмата, а градежните активности се одвиваа во полн ек. Пред влезот имаше голема табла, на која пишува „Актор“ и информации за финансирањето на проектот, а во дворот – неколку десетици возила со грчки и со македонски регистарски таблички.

Според информациите, Боболас се товари за бројни даночни прекршоци, даночно затајување, перење пари и за ред други дела што се сметаат за финансиски криминал. Дел од медиумите во Грција јавуваат дека апсењето е поврзано и со негови активности забележани на листата Лагард, односно списокот од повеќе од 2.000 Грци кои имаат сметки во странство, која долго време стои во сенка иако на неа имаат укажано меѓународните власти. Весниците јавуваат дека по детално проверување на сметките и на долговите на Боболас, било откриено дека бизнисменот должи околу два милиони евра на грчката држава.

Боболас бил информиран телефонски за налогот за негово апсење и самиот се појавил во генералните канцеларии на грчката полиција, од каде ќе биде изведен пред обвинител да даде исказ за делата за кои се товари.

Боболас важи за еден од најмоќните луѓе во Грција, кој покрај градежната компанија задолжена за огромен број од најголемите инфрастуктурни проекти во Грција, е сопственик на цела низа медиуми, меѓу кои весниците „Етнос“ и „Имерисија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...