fbpx

Уапсен почесниот конзул на Македонија во Шпанија под сомнеж дека ги убил своите деца

-

Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка во рамки на истрага за убиство на неговите тригодишни близнаци, јавува весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на „Јуроп прес“. Деус не е дипломат од кариера туку бизнисмен кој има почесна конзулска улога.

Според податоците на јужноафриканската полиција, мајката на децата го пронашла нивните безживотни тела.
„Кога таа пристигнала во вилата во близина на Кејп Таун, тој со своето возило веднаш побегнал. Набргу е уапсен во предградие во главниот град“, соопшти портпарол на локалната полиција.

Портпаролот истакна дека сè уште се истражуваат околностите на убиството на тригодишните близнаци и оти не се знае причината за смртта на децата.

Деус наскоро треба да се појави пред судот, каде се соочува со две обвиненија – за убиство и за кражба на возилото со кое бил во бегство.

Почесните конзули најчесто се претприемачи или бизнисмени, кои претставуваат одредена земја во регион во кој државите се малку присутни или имаат мало влијание. Вообичаено, тоа се државјани на земјата во која се почесни конзули, а улогата ја добиваат поради добрите односи со властите и со бизнис-заедницата во која живеат. Тие можат да бидат почесни конзули на повеќе држави истовремено и имаат ограничени конзуларни функции.
Според податоците објавени на страницата на македонското Министерство за надворешни работи, Марио Сезар Деус е почесен конзул на Македонија во Барселона од 6 декември 2012 година.

Деус е познат стоматолог во Барселона, а неговото име фигурира и како директор на уште една приватна фирма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...