fbpx

Уапсен маж за нападот на автобусот „Борусија Дортмунд“

-

Германската полиција приведе 26­-годишнo лице осомничено за минатонеделниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб „Борусија Дортмунд“, соопшти германското обвинителство, додавајќи дека неговиот мотив бил финансиски, а не терористички.

Сојузното обвинителство го идентификуваше Германецот од руско потекло како Сергеј В. и потврди дека е уапсен во предградието Тубинген.

Осомничениот се надевал дека со нападот ќе ја урне вредноста на акциите на фудбалскиот клуб, со што ќе успее да профитира.

Во експлозијата беа полесно повредени еден фудбалер и полицаец.

Истрежителите тогаш на местото на инцидентот пронајдоа белешки во кои одговорноста за нападот ја презема таканаречената Исламска држава, но се сомневаа во автентичноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...