fbpx

Уапсен македонски државјанин во Тирана осомничен за учество во ИД

-

Во Тирана е уапсен 46-годишен македонски државајнин, кој се барал со меѓународна потерница, распишана од властите во Скопје, поради учество во Исламска држава, јавува албанската телевизија „Ора њуз“.

Според информациите станува збор за И.А. од Гостивар, кој пред една година бил осомничен за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена и параполициска формација, но успеал да избегне апсење во Македонија и оттогаш најверојантно се криел во Тирана.

Идентификацијата и апсењето на 46-годишниот гостиварец, како што пренесува „Ора њуз“, била направена врз основа на размена на информации на трајните служби на двете земји.

Според телевизијата, случајот е предаден во Обвинителството во Тирана кое треба да ја спроведе процедурата за екстрадиција на осомничениот во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...