fbpx

Уапсен член на Пинк пантер

-

Членот на криминалната група Пинк пантер, Рајко Чаушевиќ (59) од Подгорица, е уапсен поради сомневање дека заедно со уште две лица го ограбиле станот на хрватската амбасадорка Ивана Сутлиќ-Периќ во главниот град на Црна Гора.

Освен Чаушевиќ, уапсено е и момче со иницијали Ш.М. (23) од Подгорица, а и на двајцата им е одреден притвор, јавуваат црногорските медиуми.

Станот на хрватската амбасадорка во Црна Гора е обиен пред десетина дена, при што е украден уникатен накит, кој е пронајден при апсењето на осомничените.

Ш.М. и уште едно лице, по инструкции и во придружба на Чаушевиќ, упаднале во станот на амбасадорката, обивајќи ја балконската врата.

Чаушевиќ е означен како лидер на криминалната група Пинк пантер, а неодамна во разговор за подгоричкиот весник „Дан“ говорел за своето минато, наведувајќи дека првпат во Црна Гора завршил во затвор кога имал само 17 години. Тој вели дека затворски казни отслужил во Германија, Австрија, Луксембург, Италија, Франција Шпанија, Шведска, Холандија, а последен пат во затвор бил во 2013 година во Хрватска.

Пинк пантер е името кое Интерпол им го додели на меѓународната криминална група која се занимава со кражби на накит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...