fbpx

Мрежата „Твитер“ е падната на глобално ниво

-

Милиони корисници на „Твитер“ утринава немаат пристап до социјалната мрежа, која е недостапна повеќе од еден час.

Микроблогот синоќа и во петокот беше паднат, но само во период од 10 минути. Компанијата го среди проблемот, но не објасни која е причината, поради што се појавија шпекулации дека познатата веб-мрежа можеби е предмет на хакерски напад.

„Во период од 06.23 и 06.33 часот, некои од корисниците имаа проблем да пристапат на „Твитер“ преку мобилните телефони и преку компјутерите. Проблемот е среден и се извинуваме за непријатностите“, напиша вчера „Твитер“. tviter problem 1

Сервисот во последните месеци имаше неколку слични проблеми, но утринава проблемот е глобален и трае подолго од претходните вакви случаи.

„Твитер“ и другите социјални мрежи во последниот период се под поголем притисок да се справат со терористите, како што се Исламска држава, кои ги користат овие медиуми за да регрутираат борци, да шират омраза и да праќаат закани кон западните земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...