„Твитер“ ќе ги блокира интернет-насилниците


       
Вашингтон, 22 април, 2015 - 16:25 (META) 

Микроблог-платформата „Твитер“ воведе две нови правила и опции што треба да стават крај на порастот на вербалното насилство на социјалната мрежа.

„Твитер“ ќе ги надгради своите правила на користење, со кои ќе се преземаат чекори не само за директни и специфични закани и за насилства врз други, туку и против оние кои промовираат насилство врз други.

Со новите правила, „Твитер“ ќе може да блокира корисници доколку се осомничени за насилно однесување. Досега, социјалната мрежа бараше од корисниците да ги отстранат содржините или да направат верификација на својот телефонски број за да проверат дали тие ја објавиле содржината.