fbpx

Тутунската индустрија бележи пад по сите параметри

-

Намален е бројот на склучени договори со кооперантите, има помалку засадена површина, добиени се помали приноси, има помал откуп и пониска просечна цена во однос на 2013 година – ова може да се заклучи од анализата на податоците во тутунската индустрија.

Откупот на тутунот за 2014 година заврши во законски предвидениот рок, 15 март оваа година.

– Во 2014 година има склучено 34.445 договори со кооперанти, што е за 19 проценти помалку во однос на 2013 година. Засадени се 14.030 хектари тутун, што е за 30 отсто помалку од претходната година. Добиени се 24.857 тони принос, што е за 20 проценти помалку од 2013 година, кога имало 30.997 тони тутун. Откупено е целото количество, по просечна цена од 117,2 денари за еден килограм, што е за 24 проценти пониска од претходната 2013 година кога цената беше 152 денари. За тутунарите исплатени се вкупно 73 милиони евра, преку откуп и субвенции – изјави Васко Ристовски од Стопанска комора.

Слабиот квалитет на тутунот се должи на врнежите и на поплавите што придонесоа влагата во тутунот да биде високозастапена. Така, 20 проценти од откупениот тутун бил во четвртата, најлоша категорија.

Лани, засадените површини со тутун во Пелагонија биле за 10 отсто помали во однос на 2013 година, а во Источниот регион за 15 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...