fbpx

Туск: Нема консензус во ЕУ за воведување квоти за мигрантите

-

Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск, денеска соопшти дека не е постигнат консензус меѓу државите-членки на Европската унија за воведување квоти за прием на подносители на барање за азил.

– Нема договор меѓу државите за воведување задолжителни квоти за мигрантите – изјави Туск на отворaњето на Европскиот самит, кој во најголем дел ќе биде посветен на миграциската криза.

Туск ја поддржа идејата за механизам заснован на доброволна основа, но тој не може да биде кредибилен доколку државите не се обврзат да го спроведат до крајот на јули.

– Механизамот заснован на добра волја не може да биде изговор ништо да не се прави. Солидарноста без жртвување е лицемерна – додаде Туск.

Повеќе од 100.000 луѓе илегално влегле во ЕУ од почетокот на годината преку Средоземно Море или Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...