fbpx

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

-

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада.

„Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност за посветена работа, преку конструктивен дијалог со опозицијата, кон заедничката цел за евроатлантска интеграција“, се вели во честитката, соопштуваат од Владата.

Континуираната посветеност на новата Владата кон целосна имплементација на Договорот од Пржино и спроведување на приоритетите за итна реформа ќе биде од суштинско значење за успехот на Македонија, се додава во честитката на Туск и на Јункер до Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...