This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Dec 11 9:26:46 2017 / +0000 GMT

Турција наложи апсење на 25 војници




Турската влада издаде налози за апсење 25 војници во земјата, но и во северниот дел на Кипар, населен со кипарски Турци, соопштија безбедносните сили.

Операцијата е дел од острите мерки што Анкара ги презеде по минатогодишниот обид за пуч.

Властите трагаат по војници, кои се на активна должност на различни позиции во турската војска, во 13 провинции и во Северен Кипар, соопшти извор кој побарал да остане анонимен.

Обвинителите во југоисточната провинција Мардин наложи апсење на војници поради „тајните воени структури“ на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој со години живее во егзил во САД, а кого Анкара го обвинува за организирање на пучот.

Од јули 2016 година, кога беше извршен обидот за пуч, турските власти уапсија повеќе од 50.000 лица, кои се соочуваат со судски процеси поради обвинение за поврзаност со Ѓулен, додека 150.000 лица се сменети или суспендирани од позиции во приватниот сектор.
Post date: 2017-10-12 11:31:14
Post date GMT: 2017-10-12 09:31:14
Post modified date: 2017-10-12 11:31:14
Post modified date GMT: 2017-10-12 09:31:14
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com