fbpx

Турција ја обвини Германија за двојни стандарди

-

Турските власти ја обвинија Германија за двојни стандарди откако властите на германскиот град Гагенау го спречиле турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, да се обрати на приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Од Турција порачуваат дека Берлин мора да научи „како да се однесува“ доколку сака да одржи односи со таа земја.

Боздаг требало да се обрати пред приврзаниците на Ердоган во рамки на напорите на Анкара да прибере поддршка меѓу, како што се проценува, еден и пол милион турски државјани во Германија за одржување референдум за зголемување на овластувањата на турскиот претседател, кој треба да се одржи во април годинава.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека Турција не може да ја прифати постапката на градските власти во Гагенау.

Откако градските власти му забранија да одржи митинг, Боздаг вчера ја откажа средбата со германскиот колега Хајко Мас и најави дека се враќа во Турција. Тој соопшти дека градските власти првично му дале дозвола, а потоа ја повлекле, со образложение дека градот е премногу мал за таков собир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...