fbpx

Турција го укина договорот за признавање на македонските дипломи

-

Турција го поништила договорот со Македонија за меѓусебно признавање на македонските дипломи на сите образовни нивоа, јавува „Алсат М“. Одлуката веќе била објавена во службен весник во Турција, а се однесува на договорот потпишан меѓу двете земји на 6 јули 1998 година, со кој Турција и Македонија воспоставија признавање на дипломите на сите нивоа на средно и на високо образование.

Одлуката, која била донесена на состанокот на Советот на министри на Турција на 12 декември минатата година, била потпишана од претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, и стапува на сила на 11 февруари 2017 година.

„Договорот потпишан на 6 јули 1998 година во Скопје, меѓу Република Турција и Република Македонија со број 98/11600, кој стапи на сила на 12 јули 1998 година во врска со признавање на дипломите за средно образование, високо образование, магистратури и докторати, од денот 11 февруари 2017 година, се укинува. Врз основа на предметот со протоколарен број 11494949, од 22 ноември 2016 година на Министерството за надворешни работи и според Законот 244, член 3, со датум 31 мај 1963 година, оваа одлука е донесена на состанокот на Советот на министрите на 12 декември 2016 година“, било наведено во документот, објави „Алсат М“.

Од властите во Скопје засега нема официјална реакција во врска со одлуката на Анкара.

Министерот за образование и наука на Македонија, Пиштар Љутвиу, за телевизијата кратко изјавил оти не верува дека има причина за раскинување на договорот.

Порталот СДК пишува дека одлуката на властите во Анкара предизвикала вознемиреност кај македонските студенти во Турција, но и кај турските во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...