fbpx

Турција го доведува во прашање присуството на САД во базата Инџирлик

-

Турција го доведува во прашање присуството на коалиционите сили на чело со САД во воздухопловната база Инџирлик, вели потпретседателот на турската влада, Вејси Кајнак.

Светските агенции оценуваат дека тоа е одраз на разочарувањето на Анкара поради недостигот од поддршка за нејзините операции во Сирија.

Кајнак за телевизијата „А Хабер“ рекол дека прашањето за базата во Инџирлик, која ја користат НАТО и коалицијата предводена од САД, е на агендата на турската влада.

Анкара го отвора прашањето зошто САД, кои поддржуваат некои курдски групи, не ѝ пружиле поддршка за најновата акција во околина на сирискиот град Ал-Баба.

Портпаролот на американските војски вчера рече дека САД преговараат со Турција за идна поддршка кај Ал-Баба и дека најверојатно ќе ѝ биде пружена поддршка.

Турција во август почна интервенција во Сирија за да ја потисне Исламска држава подалеку од своите граници и да ги спречи курдските милиции по повлекувањето на ИД да го заземат тој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...