fbpx

Турција ги поддржа бараните измени на Ердоган, покажуваат првичните резултати

-

Првите неофицијални резултати од референдумот во Турција покажуваат дека граѓаните се изјасниле за воведување претседателски систем, односно измени со кои целата власт ќе биде во рацете на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Досега се преброени 90 отсто од гласовите и 54,2 отсто од гласовите се „да“ за уставни промени, а 45,7 се „против“.

На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи.

Атмосферата е во голема мера мирна, со неколку инциденти. Во провинцијата Дијарбакри три лица загинаа пред гласачко место, откако избила тепачка поради различни политички убедувања.

Во Истанбул, новинар од опозициски медиум бил вербално нападнат поради тоа што говорел против проширување на претседателските овластувања.

Ако референдумот помине, сегашниот парламентарен систем ќе биде заменет со претседателски, што ќе биде најдрастична реформа на земјата по основањето на модерната република во дваесеттите години на минатиот век.

Со новите измени, Ердоган ќе издава декрети, ќе прогласува вонредна состојба, ќе назначува министри и државни претставници, но ќе има и моќ да го распушти парламентот. Измените ќе му овозможат да остане на власт до 2029 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...