Турција: Двајца повредени од ракети истрелани од Сирија


       
Килис, 7 април, 2016 - 10:35 (META) 

Две лица се повредени откако ракети истрелани од територија на Сирија експлодираа во турскиот град Килис.

Турскиот весник „Хуријет“ јавува дека два проектила го погодиле Килис. Како што наведува весникот, тоа се случило нешто пред девет часот по локално време.

Килис повеќепати беше мета на прекугранично гранатирање. Во март две лица, од кои едно дете, беа убиени во напад, за кој се верува дека го извршила Исламска држава.