fbpx

Турција донесе закон за употреба на огнено оружје против демонстрантите

-

Tурскиот парламент со големо мнозинство го усвои законот за безбедност, со кој се прошират полициските овластувања и се овозможува употреба на огнено оружје против демонстранти. Тоа ги продлабочува стравувањата за репресија на инцидентите пред парламентарните избори.

Законот донел жестоки критики од опозициските партии, кои велат дека владејачката Партија на правдата и развојот станува авторитарна. Претставниците на проблематичното курдско малцинство стравуваат дека законот може да биде употребен против нив.

Владата одеднаш го повлече законот минатиот месец, откако неколку дебати прераснаа во безредија во парламентот. Денеска, во Собранието на Турција, беше усвоен овој закон по скратена постапка.

Парламентот усвоил уште еден закон, кој им овозможува на министрите да го ограничат пристапот до интернет-страници за кои се смета дека ги загрозуваат животите на луѓето, јавниот ред или правата и слободите. Овој закон, исто така, беше критикуван.

Анкара неколкупати изјавила дека реформите во секторот за безбедност ќе помогнат за израмнување на полициските овластувања со оние на европските партнери, иако ова е оспорувано од полициските групи. Критичарите велат дека слободата на говорот во Турција е под закана од Ердоган и од Партија на правдата и развојот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...