fbpx

Турција бара од САД веднаш да се повлечат од Манбиџ во Сирија

-

Министерот за надворешни работи на Турција, Мавлут Чавушоглу денеска побара од Соединетите Американски Држави „веднаш“ да се повлечат од градот Манбиџ на северот на Сирија, кој е под контрола на курдските борци, против кои Анкара поведе воена офанзива, јавуваат светските агенции.

Манбиџ се наоѓа на околу 100 километри од енклавата Африн, каде турската војска веќе една недела води офанзива против Курдите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека турската војска ќе ја продолжи и ќе ја прошири офанзивата на северот на Сирија, чија цел е да се елиминира курдската милиција, која Анкара ја смета за терористичка организација.

Во говорот кој го пренесуваше турската државна телевизија, Ердоган вети дека „ќе го исчисти Манбиџ од терористите“.

Турската војска почна со офанзивата откако меѓународната коалиција предводена од САД најави формирање на погранични сили во Сирија, во кои би биле вклучени и курдските борци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...