fbpx

Турските граѓани на референдум одлучуваат дали Ердоган ќе добие апсолутна власт

-

Граѓаните на Турција денеска гласаат на референдум за уставни промени со кои ќе се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Изборните единици беа отворени во 7 часот наутро во источниот дел на Турција, додека во остатокот од земјата гласањето почна во 8 часот. Избирачките места ќе бидат затворени во 17 часот по локално време.

Турски државјани во странство веќе гласаа, јавија турските власти. Исходот од референдумот би можел да има поширок ефект врз сите аспекти на иднината на Турција, односно Ердоган да обезбеди уште 12 години власт. Ердоган, кој очекува победа на референдумот, тврди дека истражувањата покажуваат дека уставните реформи ги поддржуваат меѓу 55 и 60 отсто од гласачите.

Доколку победи на референдумот, Ердоган ќе има овластување да назначува министри, а целата бирократија ќе биде централизирана во неговата претседателска палата.

Противниците се загрижени дека новиот систем ќе овозможи целата власт да биде во рацете на еден човек.

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килилдарглу, предупреди дека Турција одлучува дали сака да остане демократски парламентарен систем или со земјата да владее еден човек. Според него, новиот систем е како „автобус без кочници, чија дестинација е непозната“.

Од референдумот, кој се одржува 94 години откако Кемал Ататурк ја основа модерна Турција, зависат односите меѓу Анкара и Западот, мировните преговори со Курдите и процесите внатре во општеството. Новиот систем ќе стапи на сила во ноември 2019 година, кога се одржат следните претседателски и парламентарни избори.

Доколку референдумот помине, Ердоган би можел да остане на власт до 2029 година, наместо од 2024 година. Негативниот резултат, сепак, ќе биде голем удар за неговиот статус на семоќен владетел во Турција.

Во случај на убедлива победа, Ердоган би можел со сигурност да стави крај на интеграцијата во ЕУ и да покаже дека Турција може да создава алтернативни стратешки партнерства, вклучувајќи ги и тие со Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...