fbpx

Турскиот суд одлучи „Википедија“ да остане блокирана

-

Турскиот суд денеска го отфрли барањето на интернет-енциклопедијата „Википедија“ да се одблокира пристапот до веб-страницата, јави турската државна агенција „Анадолија“.

Веб-страницата на „Википедија“ е блокирана по одлуката на владата во Анкара, а „Анадолија“ го цитираше соопштението на судот во кое се вели дека иако слободата на говор е основно право, таа може да биде ограничена доколку постои „потреба за регулација“.

Опсерваторијата за телекомуникации во Турција минатата недела соопшти дека пристапот до „Википедија“ е блокиран, цитирајќи закон според кој може да се забрани пристап до веб-страници за кои се смета дека преставуваат закана по националната безбедност.

Според локалните медиуми, блокадата е спроведена поради два написи на веб-страницата кои ја обвинуваат Турција дека има врска со групи на исламски тероризам.

Министерството за комуникација соопшти дека „Википедија“ се обидува да води „матна кампања“ против државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...