fbpx

Турскиот суд го ослободи од притвор активистот на „Амнести интернешенл“

-

Турскиот суд нареди да биде ослободен од притвор претседателот на турскиот огранок на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенл“, Танер Килич, јавуваат светските агенции.

Ова денеска го соопшти адвокатот на Килич, Мурат Динчер, додавајќи дека судењето на активистот продолжува.

Килич беше во затвор од јуни, минатата година, кога беше уапсен во Измир под обвинение за тероризам.

Обвинителството го товари за користење на апликацијата „БајЛок“, која, како што се тврди, ја користат приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, а кого турските власти го обвинуваат дека стои зад неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, 2016 година.

Турските власти се под остри критики од Западот, кој ја обвинува Анкара дека го користи државниот удар како параван за пресметка со критичарите на власта.

Повеќе од десет илјади лица се уапсени во Турција под обвинение за тероризам, а повеќе од 100.000 лица се отпуштени од работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...