fbpx

„Турски тек“ сепак ќе стартува по 2017 година

-

Почеток на работата на гасоводот „Турски тек“ не може да се очекува пред 2017 година, смета турскиот амбасадор во Русија, Умит Јардим. Неодамна, „Газпром“ излезе со процена дека гасоводот ќе почне со работа во декември 2016 година.

– Сè уште не е потпишан обврзувачки договор за изградба на „Турски тек“ меѓу Москва и Анкара, а се очекува дека гасот ќе протече по 2017 година – изјави Јардим во интервју за „Интерфакс“.

Тој верува дека кога проектот ќе се реализира, тоа ќе биде голема победа и за Турција и за Русија. Според него, Москва и Анкара ги продолжуваат разговорите по тоа прашање.

„Турски тек“ е алтернатива на проектот „Јужен тек“ бидејќи рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година објави дека овој проект се откажува заради противењето на ЕУ и најави дека Русија планира да го почне „Турски тек“, кој преку Црно Море би завршувал во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...