fbpx

Турската централна банка презема мерки да го запре падот на лирата

-

Централната банка на Турција денеска порача дека е подготвена „да ги преземе сите неопходни мерки“ за да ја зачува финансиската стабилност по големиот пад на лирата во последните неколку дена. Таа вети дека на банките ќе им ја обезбеди „сета ликвидност што им е потребна“.

Ефектот од оваа најава среде растечкиот дипломатски спор со САД, кој предизвика силен удар на турскиот финансиски пазар беше слаб. Пред најавата од Централната банка лирата беше падната за 9%, а потоа дојде на пад од 6%.

Падот на лирата почна уште на почетокот на годината, од кога загуби речиси 34 отсто од својата вредност во однос на доларот. Најновата криза почна во четвртокот вечерта, кога се менуваше по курс 6,3 лири за еден американски долар,  додека на крајот на јануари еден долар вредеше четири лири.

Работите се влошија во петокот, кога претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри удвојувањето на царините за челикот и алуминиумот увезен од Турција. На тоа претходеше одбивањето на Турција да се пушти на слобода американски пастор кој е во притвор во Турција речиси две години.

Експертите падот на лирата го толкуваат и со стравови дека и турската економија е во пад.

Сепак, тоа позитивно влијае на туристичката индустрија на Турција, која поради ниската вредност на лирата, станува многу конкурентна со пониските цени за странските гости.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...