fbpx

Туристите не откажуваат, се зголемува бројот на резервации

-

Бројот на странски туристи во периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 14 проценти, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 9,6 проценти.

Најголем број странски туристи во првите месеци од годинава имаме од Грција, Србија, Бугарија и од Турција.

– Од почетокот на годинава ги презентиравме туристичките потенцијали на 15 интернационални саеми за туризам, на кои учествуваа повеќе од 25 туристички агенции и тур-оператори од Македонија. Продолжуваме со агресивна медиумска кампања, како и со организација и со реализација на студиски посети, т.е. информативни патувања во Македонија, при што можност да се запознаат со туристичките потенцијали на нашата земја имаа тур-оператори од Америка, Русија, Шведска, Франција, и истите имаа бизнис-состаноци со туристичкото стопанство од Македонија. Во повеќе француски, австралиски, италијански магазини и списанија се објавија репортажи за Македонија како туристичка дестинација – изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Тој додаде дека туристичкиот пазар во Македонија се стабилизира и нови откажувања на аранжманите нема, напротив, се зголемува бројот на резервации.

Во согласност со заклучоците од вонредната седница на советот за туризам при АППТ, преземени се дополнителни мерки со засилено присуство на регионалните пазари преку организација на денови на македонски туризам во соседните земји, како и преку организација на дополнителни информативни патувања за странски тур-оператори и за новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...