fbpx

Туристичката понуда на Охрид беше презентирана на саем во Москва

-

Неодамнешните промотивни активности на Општина Охрид за позиционирање на градот на мапата на атрактивни туристички дестинации на Саемот за туризам во Москва, наидоа на голем пласман во руските медиуми.

Меѓу другите медиуми, Охрид се најде и на веб-страницата „Вотпуск“ која дневно ја посетуваат повеќе од 90.000 посетители, меѓу кои најбројни се претставниците на туристичките агенции, тур-оператори и потенцијалните туристи.

Претставници на туристички агенции, тур-оператори и медиуми го најавија своето учество на промотивната тура „Охрид 2017“, која Општина Охрид годинава ја организра во септември, а поканата во Москва ја упати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...