fbpx

Туристичка развојна зона кај Калишта

-

По примерот на своите први соседи охриѓани, и стружани ќе развиваат туристички развојни зони. Веќе изработија студија за финансиска оправданст за изградба на туристичка развојна зона кај струшкото село Калишта, на брегот на Охридско Езеро.

Новата туристичка зона ќе биде лоцирана во близина на манастрискиот комплекс и ќе се простира на површина од 14 хектари. Предвидено е да се градат хотели, 90 апартмани, 30 вили, плажа и спортски терени.

Според најавите, имало повеќе опции за инвестирање во нив: прватен инвеститор, јавно-приватно партнерство, јавна инвестиција, концесија или модел на менаџирање. Почетната цена за продажба на земјиштето изнесува едно евро за еден квадратен метар.

На и околу овој простор веќе има два хотелски капацитети, „Изгрев“ и „Бисер“.

Ваква зона е планирано да се гради и во Дојран, за да се забрза развојот на туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...