Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред првомајскиот празник. Туристите од Далечниот Исток го посетија градот во рамките на т.н балканска тура.
На почетокот на мај, охриѓани и стружани ги очекуваат првите организирани посети на туристи од Холандија со чартер-летови, со што и официјално ќе биде отворена новата сезона за која предвидувањата се добри.
Охридското Езеро, пак, го разубавија и четири млади лебеди.