!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Тунтев: Работиме на амандмани за да нема различни толкувања на законот за јазиците


       
Скопје, 15 ноември, 2017 - 14:11 (META) 

Пратениците на Социјалдемократскиoт сојуз на Мaкедонија работат на амандмански предлози за предлог-законот за упиреба на јазииците со кои сакаат да интервенираат во законот секаде онаму каде што се отвора проблем за различни толкувања на членовите, изјави коодринаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес-конференција во Собранието.

– Со денешното изгласување на потребата за донесување на законот почна постапката за целосно решавање на ова прашање отворено со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Со ова конечно ќе се заокружи имплементацијата на делот на Охридскиот договор за човековите права и слободи. Се надевам дека во понатамошната процедура и ние од владејачката коалиција, но и другите ќе го изгласаме овој предлог-закон – рече Тунтев.

Тој кажа дека пратениците од СДСМ ја гледат Македонија како општество за сите во кое сите ќе бидат еднакви.

– На оваа држава и треба соработка за сите да можеме да се избориме за подобра држава, за подобра иднина и живот каков што граѓаните заслужуваат – рече Тунтев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Тунтев рече дека станува збор за закон за сите јазици, кои што ги зборуваат заедниците во Македонија, а не само за албанскиот јазик и рече дека пратениците од СДСМ ќе се потрудат граѓаните да го добијат сето она што Уставот го препознава како право.

На прашање дали законот предвидува двојазични банкноти и униформи Тунтев одговори одречно.