fbpx

Тунтев: Ова многу наликува на 27 април, нема да учествуваме во бурлеската околу Зврлевски

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски рече дека она што го прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ  „наликува на април“, алудирајќи на случувањата и насилствата на 27 април при изборот на претседателот на Собранието.

Тунтев рече дека мнозинството нема да учествува во „бесмислената расправа“.

– Сите се откажавме од нашите дискусии за час поскоро да заврши оваа бурлеска околу сосема законскот разрешување на државниот јавен обивнител. Ова што се случува сега, овој говор на омраза, ова многу наликува на април и се надевам дека колегитте од опозицијата ќе прекинат и час поскоро да почнеме со постапката за именување на нов државен јавен обвинител – рече Тунтев.

Инаку, и денешното 10. продолжение на седницата за разрешување на Зврлевски се одвива во реплики и контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат наместо за разрешувањето на јавниот обвинител да се зборува за задолжувањето, Статегијата за бегалци, депонијата во Струга, Законот за јазиците. Дел се осврнаа и на вчерашното одблежежување на 16-годишнината од Охридскиот рамковен договор, на кое, според нив, македонскиот јазик бил третиран како јазик од втор ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...