fbpx

Туфегџиќ, Богоевски и Пендарвски не се независни пратеници, обвини ВМРО-ДПМНЕ

-

Последната лага на СДСМ и СОРОС е наводната независна пратеничка група во Собранието, а во неа се Ивана Туфегџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболираниот криминалец Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Истата оваа група таканаречени независни пратеници, пред неколку месеци на јавноста и продаваа приказна дека се граѓански активисти, а рака под рака со СДСМ и аболираниот криминалец Зоран Заев организираа протести, сквернавеа историја, споменици на дејци и нанесуваа штета на објекти низ центарот на градот. За каков независен пратеник се смета Ивана Туфегџиќ која уплати 118 илјади денари во касата на СДСМ, Павле Богоевски кој уплати 184 илјади и Стево Пендаровски кога беше носител на листа и партиски кандидат на СДСМ за претседател на државата – праша Јовановски.

Според Јовановски, тие се само партиски послушници и лични слуги на Заев кои беспоговорно ќе гласаат за сите негови анти државни и деструктивни идеи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...