fbpx

Црвенковски и Ставрески се на иста линија за економската состојба

-

Поранешниот премиер и претседател, Бранко Црвенковски, гостувајќи во „Топ-тема“ на ТВ „Телма“, се осврна и на економската состојба во државата.

Според Црвенковски, имаме неодржлив економско-финансиски систем, кој во еден момент „ќе експлодира како меур од сапуница“.

– Имаме длабока економско-финансиска криза.Тоа што власта, со својата пропаганда и со лажните статистички податоци се обидува да создаде привид дека сме успешна економска земја, едноставно не држи вода, затоа што овој економско-финансиски ситем може да функционира на вакво никакво, слабо ниво и да одржува некаква стабилност само ако секоја година има дотур на околу 300 до 500 милиони евра свежи пари од нови кредити. Тоа значи ново задолжување за земјата. На долг период, тоа е неодржливо. Во еден момент, порано или подоцна, овој економско-финансиски систем во Македонија ќе експлодира како меур од сапуница – изјави Црвенковски.

Во шестата „бомба“, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, презентираше снимка на која министерот за финансии, Зоран Ставрески, на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели:

– Додаваме постојано толку многу трошоци, да не постои нормална земја во светот што ќе издржи. Америка да бевме, немаше да издржиме. На секоја седница на Влада и на економски совет, доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква-паркови. Што правиме? Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Трошиме на чоколадо, а немаме за леб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...