fbpx

Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на самохрана мајка

-

Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака“, ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт на 10 март во Домот на АРМ во Скопје, со почеток од 20 часот.

Целта на овој хуманитарен концерт е собирање финансиски средства за самохрана невработена мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба.

Билетите ќе чинат 100 денари и може да се купат на билетарницата во Домот на АРМ или пред почетокот на концертот.

Хуманитарниот концерт е дел од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ),  кој претставува национална алатка за привлекување и за задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија.

Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен услов за градење интеркултурно опшество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...