!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Рокот за за донации за поплавените Црвен крст ќе го продолжи до петок


       
Скопје, 22 август, 2016 - 14:06 (META) 

Црвен крст ќе го продолжи периодот за донации за граѓаните од поплавените подрачја до петок, изјавија од Црвен крст за „Мета“.

Тоа значи дека со продолжување на акцијата, граѓаните сè уште ќе можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви 075/070/077 143 400.

– Има интерес од граѓаните за донирање и не е фер да ги прекинеме линиите – изјави за „Мета“ секретарот на Црвен крст, Сузана Тунева-Пауновска.

Акцијата на собирање средства беше планирано да трае до 21 август, две недели од отворањето на телефонските линии, но уште тогаш беше најавено дека доколку има интерес, ќе се продолжи периодот на собирање донации.