fbpx

Црна скопска сообраќајна статистика: За осум месеци загинале 27 лица, од кои 15 пешаци

-

Зголемен е бројот на загинати пешаци во Скопје во однос на минатата година, покажуваат последните анализи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15. Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак, земајќи ги и јули и август, од вкупно 27 загинати во Скопје, дури 15 се пешаци.

Во просек во Македонја има 160-170 загинати лица годишно, а повеќе од 40 отсто од сообраќајките се на територија на главниот град.

Бројот на незгодите што резултирале со потешки последици е речиси идентичен – 1.727 за првите шест месеци од годинава, а споредбено лани биле 1.731. Меѓутоа последиците, оние најтешките (загинатите лица) се зголемиле за 30 отсто.

Статистиката покажува дека во 2014 година во Македонија, 11 деца го загубиле животот во сообраќајни несреќи. Само за првите шест месеци од оваа година, пак, бројката изнесува 12 детски животи.

Оваа година за осум месеци имаше 98 жртви, што е исто на нивото и динамиката од 2014 година.
РСБСП годинава има цел да се намали бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди на ниво на земјите-членки на ЕУ. А тоа е помалку од пет жртви на 100.000 жители или сто жртви годишно по македонските патишта.

Денеска за безбедноста во сообраќајот ќе разговараат министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Во сабота, во 13 часот, граѓанската инцијатива „Коце врати ни ги улиците“ ќе одржи мирен протест за оддавање почит на прерано загинатиот велосипедист, 13-годишниот Давид и сите трагично загинати жртви на скопските улици-пешаци и велосипедисти.

Протестот ќе почне на булевар „Илинден“, пред фонтаната „Лотосов цвет“, а ќе заврши пред канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски, кого од иницијативата го посочуваат како директно најодговорен за црниот биланс и бројните несреќи по скопските улици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...