fbpx

ЦО на СДСМ: Остануваме отворени за можен коалиционен настап на локалните избори

-

СДСМ е целосно подготвена за убедлива победа на претстојните локални избори, оцени претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вчерашниот Централниот одбор на партијата, одржан во проширен состав.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е фаворит на локалните избори. Граѓаните ги препознаа новите политики, новите вредности, кои носат повисок животен стандард, повеќе пари кај граѓаните, професионални и независни институции. Со победата на СДСМ на локалните избори, почнатиот процес на реформи ќе продолжи и на локално ниво. Општините ќе работат за граѓаните. Решавањето на нивните проблеми на локално ниво ќе станат реалност. Македонија ќе оди напред како едно општество за сите – рече Заев.

На седницата, како што стои во партиското соопштение, е потврдена позицијата дека СДСМ останува отворена за можен коалиционен настап на локалните избори со други политички партии врз основа на принципи и вредности коишто ги штитат граѓанските и државните интереси.

На почеток на седницата, за претседавач со Централниот одбор бил избран Пеце Мирчески, додека Миле Зечевиќ бил реизбран за организационен секретар на партијата, а бил назначен и за шеф на изборниот штаб. Членовите на ЦО го избраа Дејан Павлески, за претседател на Комисијата за изработка на програмата за локалните избори.

Централниот одбор оценил дека досегашната работа на Владата дава видливи резултати и дека наследените проблеми од минатата власт се решаваат етапно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...