fbpx

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Партијата да ги брани државните интереси по секоја цена

-

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и националните интереси по секоја цена, е заклучокот од вчерашната седница на централниот комитет на партијата.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донел заклучок според кој извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава.

„Победникот во албанскиот блок партии одлучи да не коалицира со победникот во македонскиот блок, испраќајќи го во опозиција и со тоа засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови. Уцената со која се соочува СДСМ најскапо ќе ја чини државата. Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ја реализира на штета на државата“, се вели во соопштението од партијата.

Централниот комитет го потврдил ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори, кои би се одржале заедно со локалните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...