This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Aug 19 19:03:03 2018 / +0000 GMT

„Цивил“: Починати лица и фантоми и натаму фигурираат во Избирачкиот список




Фантомски гласачи, починати лица со право на глас, лица регистрирани на погрешна адреса. Избирачкиот список е далеку од прочистен, велат од граѓанската организација „Цивил“. До нив уште во првиот ден од јавниот увид пристигнале низа пријави за недоследности. Но најголем проблем, според „Цивил“, е лавиринтот во кој ќе се заглават граѓаните доколку сакаат да го пријават случајот. Затоа организацијата повикува институциите сами да ги средат проблемите во Избирачкиот список и да не ги шетаат граѓаните од врата до врата.

„Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација. Добивме и една пријава за починато лице,што сѐ уште фигурира во Избирачкиот список. Во еден случај, граѓанин ни пишува дека веднаш се јавил во ДИК да пријави неколку „ненајавени гости“ на својата адреса. Од таму, како и на претходните изборни процеси, го упатиле да се јави во МВР. Гласачите повторно ја слушаат старата приказна: секогаш некој друг е одговорен. „Цивил“ ги повикува граѓанките и граѓаните да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ЦИВИЛ, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот“ велат од „Цивил“.

Реакцијата на „Цивил“ следува по вчерашниот повик од Државната изборна комисија, граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список и доколку забележат проблем самите да го пријават. ДИК, овојпат, нема да прави теренски проверки, а промена на податоци ќе се направи само по претходна пријава.
Post date: 2018-08-10 12:23:04
Post date GMT: 2018-08-10 10:23:04
Post modified date: 2018-08-10 12:23:04
Post modified date GMT: 2018-08-10 10:23:04
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com