fbpx

„Цивил“: Некои партии нудат поткуп на гласачите за да не излезат на гласање во Теарце

-

Oдредени политички партии нуделе поткуп на избирачите за да не излезат на прегласувањето што ќе се одржи в недела, изјавија од граѓанската организација „Цивил“ на денешната прес-конференција во Теарце.

– Никој нема право на граѓаните да им го одземе правото на глас и секој обид да се спроведе некоја незаконска активност од типот на поткуп на гласачи е казнив со закон. Ние од теренот имаме сознанија дека во тек се активности за поткуп на гласачи. Постои обид да се намали излезноста на гласачите на прегласувањето во Теарце – изјави првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала.

Тој, исто така, вели дека за ова тврдење имаат докази и сведоштва.

– За ова тврдење имаме и сведоштва, прибавуваме и докази за ваквите дејства од одредени политички партии. Дознаваме дека апстинирањето од гласањето в недела чини од 3.000 до 6.000 денари за глас – изјави Дерала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...