fbpx

„Цивил“ бара одложување на изборите до септември

-

Неколку десетици граѓани, организирани од Центарот за слобода „Цивил“, денеска пред Собранието побараа изборите да се одложат и да се закажат најрано во септември.

Според невладината организација, во Македонија сè уште нема услови за фер и веродостојни избори.

– Се собравме тука денеска да кажеме дека бараме слободни избори, а не избори со фантоми, злоупотреба на администрацијата, злоупотреба на нашите пари и со уцени. Сакаме изборите да ги спроведат институции кои се натпартиски. Бараме Владата да си поднесе оставка бидејќи и онака е веќе десеткувана. Изборите треба да ги организира влада која не е инфицирана од криминал. Бараме изборите да се одложат до крајот на септември, а ако треба и повеќе. Во меѓувреме да се работи на спроведување на реформите и на сè што е потребно за фер и демократски избори – изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...