fbpx

Ципрас утре на тест пред силната европска петорка

-

Со мала доза оптимизам, но и со резервираност, Алексис Ципрас утре ќе се сретне со силната европска петорка, односно со Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Жан-Клод Јункер, Марио Драги и со Доналд Туск. Во Грција нема јасен оптимизам дека средбата ќе донесе само позитивни вести за државата, а оцените се дека оваа средба на Ципрас ќе биде особено тешка и грчкиот премиер треба да биде подготвен на сè, особено во овој период, кога владее затегната клима меѓу Грција и ЕУ, подгреана од константни изјави дека Грција и грчките барања нема да се толерираат по секоја цена.

Според информациите во Грција, Ципрас се надева на оваа средба да се постигне политички договор за рамката во која треба да се движат обврските што треба да ги исполни Грција, како и да се даде зелено светло за исплаќање на дел од грчкиот кредит. Истовремено, се слуша дека грчкиот премиер е подготвен да прифати усвојување и спроведување на реформи кои ќе ги предложат и побараат европските партнери, паралелно со предложените грчки реформи. Сепак, она што останува непроменето е одлуката да не се прифатат нови мерки за штедење. Црвена линија е и одлуката Грција по секоја цена да усвои мерки за хуманитарна помош на граѓаните погодени од кризата, одлука која ја поддржуваат опозициските партии, но против која има силни европски реакции.

Неможноста да се најде заеднички јазик, постојаните закани и изјави дека Грција останува без пари, силното спротиставување и затегнатата клима со европските партнери, постојано подгреваат атмосфера на хаос, неизвесност и на загриженост меѓу граѓаните. Грчките медиуми постојано апелираат дека мора да се стави крај на оваа ситуација бидејќи ниту Грција, ниту грчкиот народ по толку години штедење, отпуштања и жртви, не можат да издржат да продолжи ваква клима на неизвесност за нивната финансиска стабилност и за финансиската и европската иднина на државата.

„Време е владата да почне да работи со план и со стратегија и внатрешно и во преговорите. Премиерот има обврска и одговорност да обезбеди стабилна европска перспектива за државата и за владата и да не ги разочара надежите и амбициите што ги создаде кај граѓаните, кои гласаа за него и инвестираа во него“, пишува весникот „То вима“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...