fbpx

Ципрас против европските санкции кон Русија

-

Новоизбраната грчка влада се спротиставува на понатамошни санкции против Русија и не го прифаќа соопштението на лидерите на ЕУ, во кое се осудува убиството на цивили во Мариупол (Украина) на 24 јануари и се оценува дека Москва има „одговорност“ за акциите на сепаратистите во Украина.

Во текот на денешниот ден, високи партиски извори во СИРИЗА ги информираа новинарите, изразувајќи го своето „незадоволство“ за преговорите на ЕУ-лидерите на оваа тема во отсуство на новиот играч, Алексис Ципрас.

Вечерва, европскиот медиум „ЕУ Обсервер“ објави  дека до нив пристигнало официјално соопштение во кое се вели дека „гореспоменатото соопштение беше објавено без почитување на процедурата на одобрување од сите земји-членки и особено без да се осигури одобрување од Грција. Во овој контекст, се истакнува дека Грција не се согласува со овој став“.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...