fbpx

Ципрас: Преговараме врз основа на имињата предложени од Нимиц

-

Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од медијаторот Метју Нимиц, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“.

Грчкиот премиер на Мицотакис му возвратил дека владата јасно и навремено излегла со став, а лично тој се стремел кон што е можно побрзо информирање.

– Од Софија, пред да се вратам, во моите изјави на прес конференцијата реков дека, и покрај напредокот, уште имаме пат да поминеме за да имаме договор, но и дека приоритет за нас, за грчката страна, е обезбедување на ерга омнес и уставна ревизија и, како што видовте, за ова прашање имавме важен напредок. Господинот Заев е првиот премиер од соседот што јавно ја прифати оваа перспектива за сложено име, ерга омнес со уставна ревизија. Ова го немате до сега видено во период кога вашата партија се наоѓаше во влади што преговараа, како што и немаме досега видено да се врши толку голем притисок врз извршната опозиција на соседната земја – рече грчкиот премиер и додаде дека нема дополнително да говори за суштината на преговорите, бидејќи утре ќе се одржи нова средба на министрите за надворешни работи на двете земји со медијаторот Нимиц.

Претходно, претседателот на Нова демократија, побара од грчкиот премиер јасно да каже дали го отфрлил предлогот за „Република Илинденска Македонија“ или „сѐ уште тајно се разговара за тоа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...