fbpx

Ципрас отвора дијалог со народот за реформи во грчкиот устав

-

Почнување дијалог со граѓаните за менување на уставот и за збогување со стариот грчки политички и институционален систем, најави грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешното претставување на предлозите за измени на грчкиот устав.

Измена на начинот на кој ќе се избира претседателот доколку не може да го избере собранието, зајакнување на можностите за распишување граѓански референдуми за важни државни прашања, ограничување на мандатите на пратениците, менување на односот меѓу црквата и државата се само дел од уставните промени што ги предложи Ципрас, а за кои ќе може да се изјаснат граѓаните со свои идеи и предлози.

Грчкиот премиер не ја исклучи ни можноста да се распише консултативен референдум за да се слушнат идеите на граѓаните за потенцијалните уставни промени и новиот устав да биде почеток на една нова, демократска Грција.

– За да дојдеме до продуктивна обнова, потребна е политичка обнова на државата. Одговорноста на политичкиот систем за финансискиот и за моралниот банкрот е огромна. Единствениот начин за да излеземе од кризата е да завршиме со старото. Да завршиме со оние работи кои нè доведоа до оваа ситуација. И, пред сè, да ја измениме оваа држава – изјави Ципрас во говорот за уставните промени, кој го одржа на посебна церемонија во дворот на грчкото собрание.

Иако најавите изминатиот период од владиниот кабинет посочуваа на поголеми и суштински промени, конечните предлози на Ципрас беа дочекани како млаки и недоволно храбри за еден премиер.

Главниот предлог кој се најавуваше, одлуката грчкиот претседател да се избира на народни избори наместо од парламентот, во последен момент беше радикално измената поради внатрешни несогласувања во СИРИЗА. Поради ова Ципрас предложи доколку собранието не успее по две гласања да избере претседател, тогаш тој да се избира на народни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...